fbpx

Криминалната ДПМНЕ, шпионот и дезертер Ковачки го напаѓаат Ковачевски затоа што е чесен и работи за граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Постојани фабрикувани лаги, напади и навреди упатени кон претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски покажува дека криминалната ДПМНЕ е уплашена и во паника.

Ковачевски им пречи затоа што работи вредно за граѓаните, затоа што е чесен, затоа што како Влада има успеси во тешко време на глобална економска и енергетска криза!

Затоа што од авион се гледа разликата помеѓу чесноста на Ковачевски и нечесноста на криминалното ДПМНЕ.

Бидејќи се растураат внатре помеѓу себе заради делење на пари и тендери, како овој последниот од 136 милиони евра.

Во ДПМНЕ имаат голем проблем бидејќи народот повторно ги прочита дека освен криминал и фотелји, воопшто не се заинтересирани за граѓаните

Кого одбра Мицкоски за ниските напади, фингирани лаги и навреди? Драган Ковачки, дезертер од АРМ.

Ковачки е човек кој додека бил во АРМ кодошел, вадел документи, навредувал колешки и колеги, човек кој бил казнуван и санкциониран за своите постапки.

Тој е дезертер кој ја посрамотил униформата, ја погазил свечената воена заклетва, му ги симнале еполетите и облекол сако за во Белата Палата да го прави она што очигледно најдобро знае да го прави, да кодоши, да плука и по мртви и по живи, и да прави пари кодошејќи ја својата држава, Армија и граѓани!

Тоа е дното на ДПМНЕ.

Последни вести