Таканаречените концепти на Христијан Мицкоски и ние и јавноста во град Скопје, тендери многу добро ги видовме, тоа се концепти за провизии и тендери и ништо друго.
Затоа и впрочем парното во градот Скопје Владата го презема и скопјани ќе имаат парно.
Повотруваме дека доколку е искрен Мицкоски нека покаже во Собрание, нека ја прекине блокадата на законодавниот дом во време на криза.
Нека го поджи законот за градење и уште 50 закони кои токму пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги имаат блокирано.
Дека Мицкоски нема искрена намера се гледа од фактот што иако на седниците на Економскиот совет секогаш се канат претставници на ВМРО-ДПМНЕ тие не доаѓаат.
Економските политики се креираат институционално, во Владата, на Економскиот совет, со учество на сите засегнати страни и таму е местото за носење на одлуките.
Белата палата не е место за решавање туку за создавање проблеми, оваа зграда е синоним за корупција и криминал, олицетворение на криминал од каде произлегуваат сите блокади на штета на државата.
Ова е време за работа, а не за покани за дуели и дебати, за заедништво и за креирање на политки за добробит на сите граѓани.