fbpx

Мицкоски е докажан криминалец фатен со раце во медот, затоа ДПМНЕ фабрикува лаги за Ковачевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Фатен со рацете во медот за тендер и провизии од 136 милиони евра, докажаниот криминалец Христијан Мицкоски не може да се помири со фактот дека претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски чесно и посветено работи за граѓаните и за државата.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ очајно се обидува да фабрикува  лаги за Ковачевски и да пробува да ја манипулира јавноста.

Издишан балон е фабрикуваната лага на ВМРО-ДПМНЕ.

Уште пред две години, на 28.09.2020 година јавно е објавено дека Ковачевски не е дел од сопственичката структура на компанијата Пиксел Гроуп и не е сопственик.

Дека станува збор за класична фабрикувана лага на ВМРО-ДПМНЕ се гледа од тоа што споменуваат државна помош за компаниите, којашто се однесува на сите компании кои ги исполниле условите.

Мицкоски е толку очаен, особено откако беше поразен  од Ковачевски на првото изборно соочување, што се обидува да извртува информации кои се јавно достапни.

Додека чесниот Ковачевски вредно работи за граѓаните и за државата, шпицниот Мицкоски со ништо не може да прикрие дека е фатен во криминал.

Последни вести