Христијан Мицкоски треба да знае дека заврши времето кога политиките во енергетскиот сектор се носеа во партиски седишта.
Белиот дворец не е место за решавање туку за создавање проблеми, таа зграда е синоним за корупција и олицетворение на криминал од каде произлегуваат сите блокади на штета на граѓаните и државата.
И за време на енергетската криза како и за време на пандемијата со коронавирусот, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат неодговорно, незрело, себично и популистички, на штета на граѓаните.
Ако толку е загрижен за енергетската криза, Мицкоски нека ја отстапи струјата од своите хидроцентрали бесплатно за граѓаните, а не наутро да лаже на прес конференции, а попладне да брои пари од високите фактури од неговиот бизнис со хидроцентралите.