fbpx

Дали Христијан Мицкоски бега од брзи избори?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност 

 

Дали Христијан Мицкоски сака да побегне од предлогот за брзо соочување на предвремени парламентарни избори?

Со месеци Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ бараат итни предвремени парламентарни избори, а денеска кога има конкретен предлог, тој измислува изговори. 
 
Очигледно Мицкоски знае дека нема поддршката кај граѓаните и дека го очекува нов пораз.
 
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ниту имаат идеја, ниту визија, понуда, немаат ниту програма.
 
Тие само сакаат обнова на криминалниот режим, обнова на изолацијата и бесперспективноста во која ја држеа државата заробена.
 
Тоа граѓаните нема да им го дозволат, на предвремени парламентарни избори, граѓаните повторно ќе ја поразат режимската матрица на ВМРО-ДПМНЕ како што ја поразија и на претходните парламентарни, локални и претседателски избори.
 
 
Последни вести