СДСМ за само пет години ги зголеми платите на вработените во основното и во средното образование за 36 проценти.
Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ за 11 години ги покачи платите на наставниците за само 4 отсто.
Од 2017 година платите во основното и средното образование се поголеми за повеќе од една третина.
Само со последното покачување, од септември годинава, околу 32.500 вработени во основното и средното образование добиваат плата повисока за 15 отсто.
Тоа е зголемување во просек од околу 3.000 денари по вработен.
СДСМ и во време на кризи, здравствена, економска, енергетска, вистински се грижи за учениците, наставниците и за образовниот систем.