fbpx

Сега е моментот да ги прашаме граѓаните, со чист образ и одговорност одиме на избори на кои ќе докажеме дека продолжуваме на прав пат!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Сега е моментот да ги прашаме граѓаните, ќе се пишманиме или ќе продолжиме напред рече заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска пред стружани.
Шекеринска ги повика граѓните да се приклучат на патот кој обезбедува градење на стабилна и европска држава.
 

– Сите знаеме дека го даваме максимумот кога ни било најтешко. Денес можеби не е најтешко, но е најважно. Да тргнеме во еден процес со кој ќе покажеме дека државата не се колеба, сакаме нашите деца да живеат европски живот, дома, во нашата татковина. Затоа бараме од граѓаните да продолжат со нас. Излегуваме со чист обрз и огромна одговорност, тоа што го ветуваме, го ипорачуваме, одиме на избори на кои ќе докажеме дека продолжуваме на прав пат. За само две и пол години направивме огромен број на реформи од кои граѓаните имаат вистински и реални придобивки и тие добро го знаат тоа, порача Шекеринска.
 
Немаше европски лидер кој не му се јави на премиерот Заев. Историската грешката е во Европската Унија а не во нас. Тоа беше нивната порака. Поддршка имаме од нашите меѓународни пријатели, затоа не се колебаме и не губиме здив, туку уште поинтензивно, да продолжиме напред по прав пат, додаде Шекеринска.

 

Последни вести