Денеска во салата Билјанини извори во Охрид се одржа третиот регионален натпревар во рамки на хуманитарниот турнир „Млади и солидарни“ во организација на СДММ, Социјалдемократската младина на Македонија.
Млади од целиот Југозападниот регион играа за хумани цели и заедно собираа средства за центрите за поддршка на младите и децата со попреченост.
Преку спортот, СДММ реализира хуманитарна акција за поддршка на млади и деца со попреченост. Со хуманитарен турнир во мал фудбал се собираат средства за Центрите за поддршка на млади и деца со попреченост.
Напреварите во рамки на хуманитарниот турнир продолжуваат и во наредните недели, месец октомври за СДММ е хуман месец.
Веќе утре турнир ќе се одржи во Маврово Ростуше каде ќе учествуваат екипи од Полошкиот регион.
СДММ ги поканува младите да се приклучат, заедно да играме и да донираме, секој оноклку колку може.
Да бидеме хумани, да се поддржуваме, да си подаваме рака.