Соопштение за јавност
Денеска уште една лага и груба манипулација на ВММРО-ДПМНЕ падна во вода.
Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд даде зелено светло за доделување 530 милиони евра на Република Северна Македонија преку Кредитната линија за претпазливост во рок од 24 месеци.
Ова е големо признание за економските политики кои се спроведуваат во земјава, бидејќи ММФ овој финансиски инструмент го наменува само за земји со здрави економски политики.
Со ова пропадна уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ која партијата со месеци ја ширеше дека наводно македонската економија не била стабилна и ќе има тешкотии при наоѓање кредитни аранжмани со поволни каматни стапки.
И во време на криза ВМРО-ДПМНЕ работи на штета на граѓаните, со лаги и измислици се обидуваше да и наштети на економијата и да го наруши меѓународниот рејтинг на државата.
Таквите деструктивни обиди не успеаја, македонската економија е препознаена како стабилна и ликвидна, а меѓународни финансиски институции покажуваат висок степен на доверба кон економските политики на Владата предводена од СДСМ.