fbpx

Неодговорното ВМРО-ДПМНЕ кочи и блокира закони за полесно справување со кризата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на прес-конференција на Гордана Кочоска – Димитриеска

ВМРО-ДПМНЕ се однесува несериозно и неодговорно во време на светска економска и енергетска криза.

Додека глумат загриженост за кризата, кочат и блокираат педесетина закони во Собранието, од кои најголем дел се за надминување на последиците од кризата.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го блокира и законот за задолжување во Европската банка за обнова и развој кој што обезбедува ликвидни средства за нормално функционирање на ЕСМ во услови на криза и други законски решенија за надминување на кризата.

Тоа е лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ.

Гордана Кочоска Димитриеска е е последна што има кредибилитет да зборува за кризата. Се докажа колку се грижи за граѓаните кога го кочеше Законот за заемот од Светска банка од 90 милиони евра за помош во време предвизикана од пандемијата со коронавирусот.

Додека Белата палата едно зборува, а друго прави, СДСМ и институциите што ги предводи обезбедија пакет мерки за надминување на кризата во вредност од 750 милиони евра.

Вредноста на пакетот мерки претставува 5,5 отсто од БДП и е најголем во споредба со државите од Западен Балкан.

ВМРО-ДПМНЕ може да застане на страната на граѓаните, да ги прекине блокадите и конечно да покаже одговорност.

Последни вести