Соопштение за јавност
Претседателката на Форумот на жени на СДСМ Јована Тренчевска, во емисијата „Клан Дебата“ на телевизија Клан, истакна дека државата успешно се справи во делот на социјалната заштита за време на пандемијата со ковид19 и изрази уверување дека успешно ќе се справи и со предизвиците кои не очекуваат, а произлегуваат од економската и енергетската криза.
Тренчевска нагласи дека препораките за штедење на електрична енергија во јавниот сектор веќе даваат резултати и потрошената електрична енергија во септември е за 15-20 отсто пониска од истиот месец минатата година.
Мерките ќе овозможат штедење и вложување во реалниот сектор, за полесно сите заедно да излеземе од кризата, рече Тренчевска, додавајќи дека социјалниот дијалог е еден од приоритетите, преку кој мерките се креираат.
Таа нагласи дека во новиот пакет на антикризни мерки од 350 милиони евра најголем дел од мерките се насочени кон микро и малите претпријатија, затоа што најголем дел од компаниите во државата се токму микро и мали претпријатија, за да им се олесни работењето.
Сетот на мерки во делот на социјално ранливите категории се донесе во дијалог со граѓански организации. Во пресрет на зимата, дополнителниот приход ќе им помогне на социјално ранливите, лицата со попреченост, пензионерите, полесно да ја пребродат зимата, порача претседателката на Форумот на жени на СДСМ Јована Тренчевска, на телевизија Клан.