Соопштение за јавност
Парламентарните избори ќе бидат 2024 година, на крајот од првиот или почетокот од вториот квартал, фокусот на владата во моментов е во исполнување на програмата, истакна претседателот на Владата, Димитар Ковачевски во вечерашното интервју за емисијата „360 степени” на Алсат М.
Ковачевски рече дека не само владеачката коалиција, туку сите општествени чинители сега треба да помогнат во справување со економската и енергетската криза, со носење закони во Собранието, учество во скрининг процесот, уставните измени како би придонеле за побрзо членство на Северена Макеоднија во ЕУ.
Како особено важно, Ковачевски ја потенцираше потребата од деблокирање на работата на Собранието од страна на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои со месеци блокираат над 50 закони важни за граѓаните и напредокот на државата.
„Она на што треба да се фокусираме во моментов е остварување на програмата на Владата. Но пред се сите заедно во општеството, тука не мислам само на владеачката коалиција, која што докажа дека сака да ја види Северна Македониај во ЕУ, туку и сите други кои треба да помогнат, во борбата со оваа енергетска и економска криза со која се соочуваме, преку одблокирање на Собранието и учество во обврските кои што како држава ги имаме во однос на што побрзо зачленување во ЕУ. Тука пред се мислам на учество во скрининг процесот, на учество во уставните измени кои ни престојат, на учество и понатаму на измена на одредени законски решенија кои нема да бидат едноставни“ рече премиерот Ковачевски.