Соопштение за јавност
По повод , 11 Октомври „Денот на народното востание“ во Прилеп партиска делегација предводена од потпретседателот на СДСМ Коста Петров, придружуван од претседавачот на ЦО на СДСМ ,Соња Карапец и претседателот на Комисијата за локална самоуправа на СДСМ, Дејан Павлески оддадоа почит и положија свежо цвеќе пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, пред споменикот на Кузман Јосифоски-Питу и на Могилата на непобедените.
Делегацијата учествуваше и на маршот во чест на паднатите борци од Участокот до Паркот на револуцијата.
Нека е честит и вековит Денот на народното востание, 11 октомври!