fbpx

Манчевски: СДСМ е на прав пат, државата и системот функционираат, сите сме еднакви пред законот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ покажа дека државата и системот функционираат дека сите сме еднакви пред законите, истакна потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски на граѓанската трибина „На прав пат“ во Кочани.

ВМРО-ДПМНЕ бара само амнестија во врска со случаите кои произлегоа од нелегалното прислушување, но гарантирам дека нема да ја добијат, нагласи Манчевски.

Овие случаи ќе се процесуираат до крај, рече Манчевски додавајќи дека без закон или решение за статусот за случаите кои произлегоа од нелегалното прислушување нема напред.

Ако порано прва задача на власта беше да ги заштити сите па после друго, сега се покажува дека сите сме еднакви пред законите и тоа сите мора да го сфатат, а пред се ВМРО-ДПМНЕ, истакна потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски на граѓанската трибина „На прав пат“ во Кочани.

 

 

Последни вести