fbpx

Христијан Мицкоски се профилираше како антиевропски политичар

Facebook
Twitter
LinkedIn

Христијан Мицкоски со своето неодговорно дејствување се профилираше како анти-ЕУ и антиевропски политичар.

Во таквото негово дејствување тој е осамен со поддршка единствено од неговиот проруски партнер Левица работи против напредокот на државата.

Мицкоски исто како и неговиот шеф и ментор, Никола Груевски, бара 61 пратеник во Собранието против ЕУ, за повторно да ја блокира државата.

Тоа нема да се случи, Мицкоски може да биде против, но македонската иднина е сигурна и таа е европска. Нема да дозволиме враќање назад.

И покрај сите обиди за блокади, очигледен е напредокот на државата во евроинтегративниот процес. По 17 години чекање, започнавме преговори за членство во ЕУ, со заштитен македонски јазик и заштитен македонски идентитет.

Сите лаги на анти ЕУ Мицкоски потоаа.

Со месеци Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ безобразно ги лажеа граѓаните за наводна бугаризација и асимилација, за продавање на македонскиот идентитет, за бришење на македонскиот јазик.

Но, се случи токму спротивното. Наскоро ќе биде потпишан Договорот со Фронтекс и тоа на македонски јазик без фусноти и дополнителни објаснувања и додавки.

Мицкоски го предводи антиевропскиот концепт кој значи враќање назад во излоација, поделби, неизвесност и бесперспективност.

Од друга страна СДСМ и Димитар Ковачевски го предводат концептот за европска иднина, напредок, развој и побогати граѓани.

СДСМ како предводник на концептот, кој носи европска иднина, со заштитен македонски јазик и македонски идентиет, заедно со граѓаните, нема да дозволи враќање во минатото и изолација.

Последни вести