fbpx

Трибина на Форум на жени на ОО СДСМ Карпош: Превенцијата е најважна алка во борбата против ракот на дојката

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

По повод месец октомври посветен на превенција и рано детектирање на ракот на дојка, Форумот на жени на ОО СДСМ Карпош организираше едукативна граѓанска трибина, на која свои обраќања имаа еминентни доктори од јавното здравство, како и жени кои се соочиле со оваа болест.

На трибината заеднички беше заклучено дека мултидисциплинарниот пристап на третирање гарантира успешност во секој фаза од развојот, но и дека превентивниот момент е најдобар начин за заштита од оваа болест.

Трибината беше со хуманитарен карактер, а собраните средства кои се собрани ќе бидат наменети за жените кои се во процес на лекување на ракот на дојка.

Форумот на жени ќе продолжи да ја подигнува општествената свест и да влијае на поголема грижа за женското здравје.

Последни вести