Соопштение за јавност
Потпретседателот на СДСМ Коста Петров придружуван од членката на ИО на СДСМ Татјана Стојановска Иванова, претседателот на Комисијата за одбрана, Драган Николиќ, Елизабета Зелениковска претседателката на ОО на СДСМ, Петровец и други членови на СДСМ учествуваа на маалска средба со граѓаните од населено место Петровец во скопскиот регион.
Мерките како МојДДВ, растот на минимална плата на 12.500 денари, па потоа и на 15000 денари, растот на просечната плата за околу 2000 денари, раст на платите кај докторите и медицинскиот персонал, наставничкиот кадар и вработените во градинките е потврда дека Владата предводена од СДСМ посветено работи на обезбедување на подобар животен стандард. – истакна Петров.
Во насока на намалување на младинската невработеност, а со тоа и подобрување на животниот стандард на младите е и проектот Гаранција за млади која даде одлични резултати. Преку овој проект младите добија шанса за квалитетната понуда за вработување, натамошно образование, стажирање или практиканство.
Како последни од низата реформи за младите се објавените три јавни огласи за обуки за ИТ вештини со кои ќе се преквалификуваат 1.253 невработени млади лица за чијашто реализација се обезбедени 35.1 милион денари.
Сите овие се клучни за успешното интегрирање на младите во пазарот на трудот и намалување на одливот на образован кадар од земјата.-истакна Петров.
Тој потенцираше дека интеграцијата во ЕУ и НАТО дополнително ќе ги подобри условите за младите за и тие да бидат еднакви со нивните врсници од Европа.
СДСМ како партија останува да биде на страната на интересите на граѓаните и државата. Целта на маалските средби со граѓаните е токму преку непосредниот контакт со нив се слушне нивниот глас, барања и потреби со кои се соочуваат и изнаоѓање на решенија за истите.