fbpx

ВМРО-ДПМНЕ е научена да зема од граѓаните и затоа е против поврат на ДДВ од 3 милиони евра

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

ВМРО – ДПМНЕ уште еднаш покажа дека нејзина единствена цел е да штити криминал, да ги зема парите од граѓаните за да завршуваат во џебовите на неколкумина од врвот на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ е против секоја мерка за враќање на парите кај граѓаните и обезбедување на подобри услови за живот и повисок стандард.

Истовремено, политиките и мерките на СДСМ за зголемување на животниот стандард даваат реални и видливи резултати.

Како дел од сетот мерки преку кои парите се враќаат кај граѓаните, проектот МојДДВ, ги враќа парите кај граѓаните и ја намалува сивата економија.

Само во првиот квартал од реализацијата на проектот повратот на ДДВ изнесува над 3 милиони евра.

Граѓаните ја чувствуваат разликата. Додека ВМРО-ДПМНЕ со години земаше од граѓаните, СДСМ како одговорна партија креира политика и спроведува мерки за подобрување на животниот стандард на секое семејство.

 

 

Последни вести