fbpx

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не го поздравија потпишувањето на Фронтекс на македонски јазик, да им се извинат на граѓаните за лагите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не го поздравија потпишувањето на Фронтекс на македонски јазик, да им се извинат на граѓаните за лагите

Единствено Христијан и ВМРО-ДПМНЕ не го поздравија потпишувањето со Фронтекст на македонски јазик, прв официјален договор со ЕУ на македонски јазикм со чиста формулација, без никкави фусноти.

Тоа е огромен успех за македонската држава и огромен пораз за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, секоја нивна лага за наводно загрозување и бришење на македонскиот јазик денес е демантирана.

Исто како и за членството во НАТО, Мицкоски заедно со Апасиев е единствениот кој не честиташе на потпишувањето на Фоговорот со Фронтекс.  

Се што кажаа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се потврди дека е безобразна лага.

Нема асимилација, нема бугаризација има официјален македонски јазик во преговорите со ЕУ.

Ако веќе нема нема доблест да честита за успехот на државата, Мицкоски нека смогне сили и нека им се извини на граѓаните за лагите што со месеци ги пласираше во јавноста.

Последни вести