fbpx

Николовски со честитка за Меѓународниот ден на Бошњаците: Да продолжиме да градиме мостови на соработка

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски по повод 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Северна Македонија.

-Во мое лично име и во името на Социјалдемократскиот сојуз, срдечно  ви го честитам 28 септември, Меѓународниот ден на Бошњаците и  ви посакувам  добро здравје, успех и благосостојба.

Празнувањето на овој ден е симболичен израз на длабоката  почит што нашата држава ја има за своите граѓани кои се дел од бошњачката заедница.

Токму разноликоста во  јазиците, културата, обичаите и традицијата е тоа што нас како држава не издвојува и не прави посебни и препознатливи. Бошњачката заедница е една од заедниците кои го збогатуваат  нашето македонско мултиетничко општество.

Значаен е придонесот на припадниците на бошњачката заедница кои се залагаат за напредок на државата  и нејзиното промовирање надвор пред светот.

Затоа, заедно, сплотени да продолжиме да градиме мостови на пријателства и заедно да чекориме кон градењето на просперитетна и европска Република Северна Македонија, дом и татковина на сите нас.

Нека е честит Меѓународниот ден на Бошњаците!

Последни вести