Соопштение за јавност
Нема ден а ВМРО-ДПМНЕ да не соопшти најмалку неколку лажни вести преку кои се обидува да ја манипулира јавноста.
Ништо ново од опозициската партија која во очај и безидејност секојдневно измислува и конструира непостоечки случаи.
Голема лага е дека фирмата „Еленица Струмица“ добила какви било средства од страна на Фондот за иновации и технолошки развој.
Како што јавно соопшти и Фондот, компанијата „Пауерад“ ДООЕЛ користи средства согласно Одлука за доделување на ко-финансирање донесена од Комитетот за одобрување на инвестиции на 03.12.2018 година. Пред воопшто да се донесе одлуката, од компанија е побарано и е доставена Изјава за сопственичка структура, а во истата, воопшто не фигурира споменатата фирма „Еленица Струмица“.
Истовремено, за секоја промена во сопственоста, по доставување на изјавата, а во период од 3 години по завршување на проектот, корисникот на средства има обврска да побара согласност од Фондот.
ВМРО-ДПМНЕ е научена парите да не завршуваат во стопанството, туку единствено во белиот дворец за богатење на неколкумина од врвот на партијата. Затоа ВМРО-ДПМНЕ е против зголемена поддршка кон компаниите, против отворање на нови и добро платени работни места.
Во отсуство на идеи и мерки, единстевниот начин на делување на ВМРО-ДПМНЕ се лажните вести, измислиците и конструираните случаи преку кои во белиот дворец се обидуваат да ја замајуваат јавноста.