fbpx

Ковачевски од трибината во Прилеп: Потонаа лагите на ДПМНЕ и Левица, македонскиот јазик е признаен и потврден

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва од Прилеп за време на трибината со граѓани упати и порака кон деструктивното однесување на политиката на опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица.
„Потонаа во вода сите лаги, сите манипулации кои ВМРО-ДПМНЕ и Левица на ниво на хистерија ги пласираа. Секој ден зборуваа за наводна асимилација и бугаризација, организираа насилни протести пред Владата и Собранието. Лажеа дека ако го прифатиме Францускиот предлог и почнеме преговори, македонскиот јазик ќе биде дијалект, со фусноти, дека нема да биде признаен во ЕУ. Со вувузели свиреа во Собранието, ги навредуваа пратениците, ги клеветеа, ги прогласуваа за предавници и на крајот избегаа од собраниската сала. Воопшто и не гласаа. Тоа се истите оние од ВМРО-ДПМНЕ, кои великанот Блаже Конески го нарекуваа џуџето од Небрегово.“ рече претседателот Ковачевски.

Два дена никаде ги нема. Скриени се во некој скап хотел немаат доблест ниту да се извинат, додаде Ковачевски.
-Па добро еве не мора мене, ниту на пратениците да им се извинуваат. Ама нека излезат пред граѓаните и нека им честитаат за успехот. Што јазикот на македонците е признаен рамо до рамо со цела ЕУ. 31 година за тоа се бориме. Па какви луѓе се тоа кога не можат да се израдуваат на успехот на нас Македонците јазикот да ни биде признаен и заштитен во ЕУ?“ потенцираше Ковачевски

Потпишувањето на Договорот на македонски јазик е придобивка од заклучоците усвоени од Собранието на државата, од пратениците на СДСМ и мнозинството во парламентот а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Левица побегнаа. Ги немаше и кога влегувавме во НАТО и за сите клучни договорите. СДСМ е државничка и државотворна партија која работи за подобра иднина, беше констатирано на трибината на СДСМ во Прилеп, во преполна сала на домот на Културата, Марко Цепенков.

Последни вести