Соопштение за јавност
Потпретседателот на СДСМ Коста Петров, придружуван од Костадин Костадинов Член на ИО на СДСМ, Марјан Даскаловски претседател на ОО на СДСМ -Струмица и градоначалникот на Струмица Коста Јаневски учествуваа на маалска средба со граѓаните од населено место Дабиле во струмичкиот регион.
После долги години на неизвесност и чекање во чекалната на ЕУ, конечно нашата држава доби зелено светло и оптимизам дека ќе биде дел од НАТО сојузот и дел од големото европско семејство. Потврда за позитивниот тек на патот на нашата држава се и позитивните сигнали од германскиот Бундестаг – истакна потпретседателот на СДСМ Петров.
Петров посочи дека напредокот во интеграциите и квалитетните младински политики отвораат бројни перспективи за младите.
– Градиме систем кој обезбедува шанса за младите за тие да останат тука. Преку мерки и политики ја намалуваме младинската невработеност и го подобруваме животниот стандард на младите. Гаранцијата за млади дава одлични резултати, а со Европската младинска картичка се намалуваат трошоците за младитр. Интеграцијата во ЕУ и НАТО дополнително ќе ги подобри условите за младите за и тие да бидат еднакви со нивните врсници од Европа, истакна Петров.
Средбите со граѓаните кои се дел од работните активности на СДСМ и кои имаат за цел да се слушнат одблиску потребите и барањата на граѓаните продолжуваат и во наредниот период.