fbpx

Ковачевски од трибината на СДСМ во Прилеп: Продолжуваме заедно, силно и одлучно кон иднината!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Интегрален текст од обраќањето на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на граѓанската трибина „Силно и одлучно“ во Прилеп

Добровечер Прилеп, добровечер Граду – Херој,

Ништо не погреши Богданка, кога ќе ја славиме победата во 2024 ќе славиме и во Прилеп, и во Битола и во Куманово и во Струмица и во Ресен и во Скојпе и во Гевгелија и во сите други градови и цела држава.

Добровечер почитувани граѓани, другарки и другари социјалдемократи!

Уште на почетокот сакам да ви кажам, да споделам колку сум горд што вечерва стојам пред вас, со крената глава, што можам да ве погледнам во очи сите вас и да ви кажам:

Сонот, аманетот на Блаже Конески го исполнивме!! Успеавме да се избориме за нашиот македонски јазик, нашата единствена татковина, како што вели Конески.

Македонскиот јазик е на исто рамниште со сите јазици во Унијата. Македонскиот јазик во ЕУ, признат и потврден, еднаш, засекогаш.

Направивме историски исчекор, го потпишавме првиот документ со Европската унија на официјален македонски јазик, чист, без фусноти, без ѕвездички и додавки и без никакви други објаснувања.

За прв пат имаме договор кој што е одобрен од сите 27 членки и каде што сме ставиле потпис на договор на кој што стојат имињата и јазиците на сите земји членки на ЕУ.

Дали можеше некој да сонувам до само пред 1 година дека на 1 исти договор на 1, ќе стои македонскиот јазик испишан на наше кирилично писмо и ќе биде истиот одобрен и од Грција и од Бугарија.

Ова е исклучително значајно, не само за мене туку за македонските граѓани, пред се за Македонците.

И драго ми е што гледам дека и вие Прилепчани сте горди и среќни. Прилеп дал огромен придонес, токму за македонскиот јазик.

Од делата и умотвробите на Марко Цепенков, граматиката на Круме Кепески, па до трајната оставштина на кодификаторот, великанот од Небрегово, Блаже Конески. Е тоа е тоа што го дал Прилеп. Затоа сите прилепчани, сите членови на СДСМ со горда глава да одите низ Прилеп и на сите да им кажувате дека нашата партија, Владата, за прв пат после 31 година обезбеди македонскиот јазик да биде рамо до рамо со сите други јазици во ЕУ.

Благодарни сме на нивниот придонес, на сите овие сограѓани ваши кои ги кажав, на великани на нашата историја, на сите наши македонски преродбеници, но и задоволни што во градот под Марковите кули доаѓаме гордо, достоинствено и со крената глава.

Ветив дека ќе го потпишеме Договорот со Фронтекс на македонски јазик и тоа се случи, јас го исполнив моето ветување, она што го кажав тоа и го исполнив и сите можеа да го видат тоа пред два дена кога претседателката на ЕК, еврокомесарката, МВР и јас пред сите се потпиша договорот и го покажавме на сите. И го исполнив ветувањето дека на потпишувањето на тој договор во мојата делегација ќе биде директорката на институтот за македонски јазик и претседателот на советот за македонски јазик. Тоа и се случи, сите можевме да го чуеме аплаузот што таму го добивме. А, за тоа сме заслужни ние тука, нашите коалициони партнери и сите граѓани на оваа држава кои сакаат подобра и посветла иднина со крената глава да бидат дел од европските народи во ЕУ.

Кога велам силно и одлучно кон иднината на ова мислам, чекор по чекор, да ја оствариме нашата национална цел.

Потонаа во вода сите лаги, сите манипулации на ВМРО-ДПМНЕ и Левица на ниво на хистерија ги пласираа во текот на јуни, јули, мај.

Секој ден зборуваа за наводна асимилација и бугаризација, организираа насилни протести пред Владата и Собранието. Лажеа дека ако прифатиме Француски предлог и почнеме преговори, македонскиот јазик ќе биде дијалект, со фусноти, дека немало да биде признаен во ЕУ.

Со вувузели свиреа во Собранието, ги навредуваа пратениците, ги клеветеа, ги прогласуваа за предавници и на крајот избегаа од собраниската сала. Воопшто и не гласаа.

Тоа се истите оние од ВМРО-ДПМНЕ, кои великанот Блаже Конески го нарекуваа џуџето од Небрегово.

Два дена никаде ги нема. Скриени се во некој скап хотел сигурно. Немаат доблест ниту да се извинат.

Па добро еве не мора мене да ми се извинуваат, ниту на пратениците да им се извинуваат. Ама нека излезат пред граѓаните и нека им честитаат на успехот што јазикот на Македонците е рамо до рамо признаен во ЕУ. 31 година за тоа се бориме. Па какви луѓе се тоа кога не можат да се израдуваат на успехот на нас Македонците на македонскиот јазик, јазикот да ни биде признаен и заштитен во ЕУ? И пак продолжуваат да лажат, сето она што го зборуваа сега зборуваат дека не го зборувале тогаш. Затоа што еднаш кога лаже човек, цел живот лаже.

Ама македонскиот народ гледа и памети што се случува.Затоа оваа сала е полна тука, знаев дека и во Битола ќе биде полна сала, затоа што нашиот народ секогаш бил умен, секогаш бил домаќин. Секогаш знаел и да награди и да казни. Секогаш знае каде е вистината. А тука е вистината меѓу оваа преполна сала.

Потпишувањето на Договорот на македонски јазик е придобивка од заклучоците усвоени од Собранието на државата, од пратениците на СДСМ од коалиционите партнери во Владата и мнозинството а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Левица побегнаа. Побегнаа и кога се гласаа сите други клучни одлуки за оваа држава. ГИ немаше никаде кога влегувавме во НАТО, кога ги носевме клучните договори за иднината на нашата држава. И пак ги снема.

А тоа е државничка и државотворна партија, се што е содржано во овие 4 букви, СДСМ. Вистински патриотизам на дело. Тоа сме ние, јас и вие што седите тука во салата, сите што седеа во салата во Битола и сите што ќе ги видиме во сите други сали кои ќе ги посетиме јас, моите потпретсеадтели и секретарите на СДСМ. МЕсто нема да оставиме каде нема да поминеме за да ја покажеме вистината и да кажеме дека конечно СМ, Македонија седи рамо до рамо во Брисел и преговра со сите 27 земји членки на ЕУ.

И кога некој ќе не праша зошто сме за оваа социјалдемократска македонска опција имаме што да кажеме, со гордост.

СДСМ е наследничка на вредностите и делата на НОБ.

СДСМ 31 година е на вистинската страна на македонската држава, од независноста, преку членството во НАТО, почетокот на преговорите со ЕУ, па се до успехот со признавањето на Македонска црква, а сега и признаен македонски јазик

И јас и сите не сме дел од контитуитетот на државата. Членската книшка со број 001 во нашата партија ја има Киро Глигоров – првиот претседател на Македонија со кој што обезбедивме мирна транзиција д Југославија во независна држава. Бранко Црвенкоски ја предвоше трансформацијата на нашата држава во ново општество. Радмила Шекеринска беше таа која што од прв ден се залагаше за европските интеграции. Со Владо Бучковски имавме исчекор со САД а со Зоран Заев и бутнавме режим и влеговме во НАТО!

Е сите тие и нивните современици и нашите граѓани и нашите претци пред 31 година кои гласаа за независноста на МК и оние кои 1903 и 41 година со своите животи се бореа за независна Македонија, сите тие се вградени во државните успеси на оваа наша држава.

Заедно одиме силно и одлучно кон иднината, а иднината е во ЕУ и за тоа нема алтернатива. Никој не понудил друга алтернатива. Единствено ние сме тие кои имаат јасен концепт за иднината на оваа држава. Концепт од кој зависи побога иднина наншите сегашни и идни генерации на млади луѓе.

Мојата визија е заедно со вас, да изградам економски силна и стабилна држава, полноправна членка на ЕУ.

Мојот концепт е концетот за Европска Македонија. Полноправно членство во ЕУ со заштитен македонски јазик и македонски идентитет со сите обележја, како горди Македонци да бидеме во ЕУ, седнати на големата маса во Брисел, рамноправни и побогати од денеска.

Знам дека патот кон ЕУ нема да биде лесен. И на мене не ми беше лесно кога преговарав и со Бугарија, со Германија и со Франција и со сите земји членки на ЕУ. Не ми беше лесно и кога го одбив европскиот предлог и не ми беше лесно кога го прифатив европскиот предлог со сите оние демонстрации кои ги имаше во Скопје. Ама кога иднианата на генерациите, кога подобриот живот на идните генрации зависи од вас тогаш морате да ја донесете одлуката со мачнина како целиот наш македонски народ, истата таа јас ја делев. Ама на крајот на денот мора да мислите на идниата на вашиот народ и вашата државата и да ја донесете одлуката. Пак да треба да ја донесам, пак ќе ја донесам одлуката.

На тој пат кон ЕУ ќе треба да правиме реформи, да носиме одлуки, ама сето тоа на крајот е големата награда, на крајот од тој пат е големата награда. Со крената глава, горди и достоинствени да бидеме дел од Европската унија, македонските деца дома да ја градат иднината а нашиот народ, сите наши граѓани, да бидат сигурни и со подобар животен стандард а не како 11 години во времето на ВМРО – ДПМНЕ седнати сами раскарани внатре, на мала маса, раскарани со соседите, без никакви преговори со ЕУ, без никаква иднина за нашите деца. Не е тоа концепт кој го сакаат граѓаните, ова е концептот кој го сакаат граѓаните. Со крената глава, со чист МК јазик на големата маса во Брисел, идна членка на ЕУ.

Да се обединиме околку европскиот концепт, силно и одлучно да продолжиме кон иднината.

Почитувани прилепчани,

СДСМ денес е консолидирана партија која е вратена на победничките патеки. Победата на СДСМ на вонредните локални избори упати силна порака дека граѓаните не сакаат кочење и деструкции туку сакаат напредок.

Денеска како и често пати низ историјата, ние ја имаме одговорноста да функционираме во тешки времиња, во период на глобални кризи. Овој пат во време на најголемата енергетска и економска криза по втората светка војна.

Не избегавме од предизвиците туку се посветивме на нивно решавање за да не страда народот, да не трпат компаниите.

Ја субвениционираме струјата за домаќинствата за дури 80% како и за 72.000 компании кои што вработуваат 98% од вработените во државата. Ако не е таа субвенција од Владата, сметките кои ќе ги добиваат граѓаните би биле 5 пати повисоки.

Последната мерка на Владата која наскоро започнува со реализација е мерката за субвенционирање на цената на струјата за прехранбената индустрија. И јас излегувам и купувам во продавниците во Македонија, и јас знам дека цените се качени. Има инфлација затоа што има војна во Европа. Секогаш кога има војни, има инфлации. Затоа државата носи мерки, за да помогне и на компаниите и на најранливите категории на граѓаните.

Со оваа мерка Компаниите кои произведуваат масло, млеко и млечни производи, житарки и леб од сега ќе плаќаат пониски сметки за струја, но ќе мора да ги намалат и цените на финалните производи. Според првичните проценки очекуваме намалување на цените на основните прехранбени производи и до 10%.Тоа нашите граѓани го заслужуваат и тоа е потребно во оваа криза.

Јас не сум политичар којшто својата цела кариера ја поминал по кабинети и состаноци. Јас 22 години работев во приватен сектор. 22 години секое утро заедно со моите колеги креиравме вредност, работевме, плаќавме даноци, придонеси од кои што се плаќа јавната управа во државата. Многу сум горд на тоа. Целото тоа знаење кое сум го стекнал низ годините и целото искуство низ годините го ставив во функција на соодветно менаџиреање на буџетот и парите на граѓаните.

Обезбедивме ликвидни средства, обезбедивме храна, енергија и струја и заштедивме околу 300 милиони евра со цел да ги намениме на оние кои им се потребни.

Максимилизирано е производството на струја, веќе неколку денови ЕСМ произведува 100% од потребите за целиот регулиран пазар, за сите домаќинства и за сите мали потрошувачи во државата.

Бидете спокојни, струја ќе има доволно и постојано за целиот период од кризата, но треба и секој од нас да биде рациоанлен и да штеди затоа што сега не е време на изобилство, сега е време кога треба дасе штеди, сега е време кога треба да се биде солидарен и да му се помага на оној кој има помалку и кој му најпотреба Тоа е одлика на социјалдемократијата и таквите се мерките кои ги правевме во текот на целата година и ќе продолжиме да ги правиме.

Уште во првите денови од мојот мандат ја покачивме минималната плата на 18.000 денари. Тоа е двојно повеќе отколку минималната плата која во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ изнесуваше под 9.000 денари и нивниот главен економист излегува на ТВ и ме критикува зошто сум ја покачил минималната плата. Тоа не требало, а истиот тој излегува на ТВ и кажува дека тој го живее македонскиот сон со кола од најнова и најскапа марка со сите удобоства, ама работниците нека имаат 9.000. Е не може така, ќе имаат 18.000 денари и идната година ќе биде уште поголема.

По новата методологија пензиите за 6 месеци ги зголемивме за рекордни 10 отсто. Следното зголемување кое се очекува да изнесува повторно околу 6 отсто ќе се случи во март 2023. Вакво нешто, во календарска година да се зголемат пензиите за 16% никогаш се нема случено. Секогаш пензиите беа зголемувани 11 години само кога имаше избори и тоа се правеше еднократно. Благодарение на пензионерите сме ги изградиле нашите лични и професионални кариери и успеси.

Уште во март месец, при почетокот на светската економска криза, донесовме а потоа и реализиравме прв пакет од 26 економски мерки вреден 400 милиони евра за поддршка на граѓаните и компаниите.

Внимателно ги следевме светските движења и во консултации со сите засегнати страни донесовме нов пакет мерки, вреден 360 милиони евра. И според прогнозите на СБ тоа е најголемиот пакет на антикризни мерки и поддршка за најранливите категории на граѓани и компаниите од сите земји во нашиот регион.

Во овие четири месеци пред нас, за кои многумина велат дека ќе бидат најтешки, финансиски ќе помогнеме над 200.000 граѓани.

Пензионерите со пензии до 14.000 денари, самохраните родители, примателите на гарантирана минимална помош, стечајните работници, ќе добиваат помеѓу 1.500 и 3.000 денари во следните четири месеци како помош да се справат со кризата. Тоа е одлика на социјалдемократијата.

Вложуваме во земјоделството како една од најважните стопански гранки, а особено значајна сега во време на криза.

Знаете дека воведовме три категории на субвенции за предаден тутун, ги зголемивме субвенциите и за житните култури, за овошјето, за раноградинарските производи.

Тука со мене ги имам откупните цени во претходните години. Во 2012 откупната цена на тутунот просечна била 180 денари. Во 2013 152 денари, во 2014, 117 денари. А сега имавме откупна цена во 2021 година од 200 денари. Е денес во ПРилеп сакам да ја искористам оваа можност да ви соопштам дека имавме состанок со раководството на тутунскиот комбинат, имавме комуникација со МЗШВ и заклучивме овогодинешните цени да бидат прва класа 300 денари, втора 240 денари и трета 180 денари, четврта класа 100 денари. Сето ова е 20% повеќе д минатата година. Исто како што ветив и остварив дека за 30% ќе ги зголемиме откупните цени на грозјето исто така ќе направиме со тутунот во најкризната година која се памети по 2-рата светска војна. Оваа Влада исплати субвенции што беа неплантени на земјоделците. 2,5 милијарди денари беа заостанати од 2015 година. 2,5 милијарди чинат 36 споменици во центарот на СКопје, наместо да ги дадат за субвенции на земјоделците ги истрошиле на споменици во центарот на Скопје. Тоа беше таа власт, па споредете со оваа власт сега.

За оваа година одвоивме дополнителни 52 милиони евра за земјоделците, над 13.000 хектари државно земјиште ставивме на располагање на земјоделците за да одгледуваат првенствено житни култури затоа што сега е вреемто кога треба да се вратиме на стратешките култури кои треба да се одгледуваат во земјоделството.

Добра вест за земјоделците е што го транформираме системот на субвенциорање. Од следната година сите земјоделци авансо ќе добиваат дел од субвенциите за да имаат доволно пари во период кога се сее и се подготвуваат почвата и насадите.

Ова почитувани мои дуругари и другарки е одговорен, државнички пристап во време на светска економска и енергетска криза.

Сосема различен пристап од антидржавниот и деструктивен однос на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот претседател кој гласи: кочење, блокади и фабрикување лаги и невистини.

Самите гледате дека овде во Прилеп нема ниту еден нов проект, можеби нешто се довршило од претходниот градоначалник од Илија ама нов проект нема. Нула! Ништо ги гледам на слика застанале Мицкоски и новиот градоначалник и покажуваат накај планина, таму ќе имало нешто. Абе не во планина, тука треба да има во Прилеп, тука треба да се асфалтира, да се гради.

Наместо да понудат помош и поддршка, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ удираат по џебот на граѓаните, бараат пари од Владата, а во работно време на општински настани го шетаат Мицкоски пошто тој е градоначалник на градоначалниците и му реферираат пред камери и како заврши тоа реферирање, во Скопје се испокараат.

Во СК ветуваа бесплатен автобуски превоз, ветуваа дека тој ќе нашол електрични автобуси па ќе направел и фабрика на крај останавме без градски превоз. Па ветуваа дека ќе било тоа најдобрата општина на крај останавме и без парно па Владата мораше да го презема и парното. И на крај се сетија е сега вика ние не сме криви, ние ќе сме биле криви. И вика сега Дане Арсовска била со нас, како бе со нас. Па не ја чекав јас со трубачи во СДСМ, не одеше Миле Зечевиќ по митинзи дека таа ќе била мајката на градот. Ние имавме наш кандидат кој изгуби на изборите. Им ја предадовме власта. Се што фатија се упропастија.

Ништо не се менува, иста школа иста матрица.

Како Влада, како држава, обезбедувме средства за патот на влез во Прилеп од страна на Крушево и за водоводот за манастирот Трескавец, но општината потфрли и се уште нема реализација. И за тоа ли е крива Владата? Средствата се обезбедени.

Но затоа СДСМ е тука за прилепчани. На самиот крај е реконструкцијата на патот на превојот Плетвар, инвестиција од 4 милиони евра. Интензивно се работи за следен проект да биде и негово проширување онаму каде не постои трета лента.

Ете затоа немаат доверба граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ, затоа изгубија на предвремените локални избори во август. Јас знаев и знаеше и Зечевиќ дека губиме на анкетите. Да, губевме на анкетите, ама знае кога ќе отидевме во Маврово РОстуше, кога ќе отидеме во Центар Жупа и ќе има кажеме за што ние се залагаме дека се залагаме за визија за еврипска Македонија, дека исполнуваме наши ветувања. Знаев дека ќе победиме и на крајот победивме со разлика која никогаш во Маврово Ростуше се нема случено. Избравме и градоначалник во Центар Жупа а во Тетово каде што вела дека ќе победеле дупло од претходните избори заврши со помала разлика. Затоа треба да се работи. Кога ќе ме прашаат дали сум задоволен со се во СДСМ – не сум. Не сум задоволен со висината на другарството кое ние го покажуваме. Ми велеа немој ова да го кажеш, но пак ќе го кажам и во Битола и тука.

Премногу имаме ние наши другари особено на повисоки позиции кои повеќе сакаат да седат имеѓу себе да се расправаат кој на која позиција е, кој на која треба да биде а кој на која не треба да биде. Наместо како мене, да излезат и на граѓаните да им кажат кој е концепттот на СДСМ. Како се изборивме за МК јазик во ЕУ и да им кажат колку е тоа поразлично од концептот на нашите политички опоненети. Тоа е тоа што треба да го прави секој член на СДСМ . Кога сите ќе бидеме така тогаш и јас ќе можам да кажам дека сум задоволен од единството и другарството кое го имаме меѓу нас.

Затоа немаат доверба граѓаните во ВМРО – ДПМНЕ затоа што се што ветуваа на локалнит еизбори ништо од тоа не остварија. Затоа изгубија на локалните избори во август, затоа ќе изгубат и на редовните парламентарни избори во 2024 година и на претседателските избори во 2024 година.

Токму на тие избори, ќе се судрат два концепти, едниот предводен од мене, којшто е проевропски концепт, кој значи членство во ЕУ со заштитен македонски идентитет, горди граѓани со сигурна иднина и побогати ама побогати тука во својата земја која ќе биде членка во ЕУ. Тука треба да бидат нашите граѓани, тоа е концептот за кој се залагам и го предводам.

Вториот е предводен од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кој значи враќање назад во неизвесност и во изолација.

Јас сум решен и одлучен и ви велам дека ќе успееме. Ќе успееме заедно и во 2024 година проевропската коалиција предводена од СДСМ ќе биде победничка коалиција за Европска Македонија.

Ми треба вашата поддршка, за да водам напред, за заедно да бидеме со граѓаните да работиме за граѓаните.

Да продолжиме силно и одлучно!

Да живее Прилеп, да живее СДСМ, да живее Европска Македонија. Благодарам.

Линк до видео (трибина):

Линк до видео спот:

Последни вести