fbpx

За „Диамед“ ВМРО-ДПМНЕ да ги праша Груевски и неговиот кум, а потоа да одговори – Дали Камчев финансирал изборна кампања?

Facebook
Twitter
LinkedIn
Соопштение за јавност – реакција на прес конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ
 
На ВМРО-ДПМНЕ веќе му стана пракса веднаш кога ќе се открие криминал во нивните редови, да измислуваат случаи и неосновано да обвиниуваат други лица.
 
Сите сознанија укажуваат дека зад фирмата „Диамед“, стојат токму Никола Груевски и неговиот кум од првиот брак Ристе Новачевски, за што истрага води и Обвинителството за организиран криминал.
 
Официјални податоци укажуваат дека истиот ден кога од фирмата за дијализа „Диамед“ биле префрлени 9 милиони евра во Монако, Новачевски, кумот на Никола Груевски од првиот брак, отворил сметка во Монако.
 
За фирмата „Диамед“ ВМРО-ДПМНЕ треба да се обрати во Будимпешта кај Груевски и во Монако кај неговиот кум Новачевски. 
 
Наместо да си ја ишка мувата од капата од овој случај, ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори на јавно поставеното прашање:
 
Дали, тајкунот произлезен од режимот и обвинтен во предмети на СЈО, Орце Камчев, преку негови фирми ја финансирал кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за последните претседателски избори?
Последни вести