fbpx

Костадинов: СДСМ има решенија за предизвиците и успешно менаџира со кризата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов на граѓанската трибина под мотото „Силно и одлучно кон иднината“, во Кратово истакна дека СДСМ ги слуша граѓаните и ги следи нивните потреби и во време на најголема економска и енергетска криза СДСМ и премиерот Ковачевски имаат решенија за предизвиците и успешно менаџираат со кризата.

Нашата визија, визијата на претседателот Ковачевски е економски силна и стабилна држава полноправна членка на ЕУ. Тоа е големата слика на која секојдневно работиме, да озбедиме сигурна и стабилна иднина за сегашните и идните генерации, за нашите деца да можат горди и со крената глава да ја градат својата иднина дома, во земја членка на ЕУ, порача Костадинов.

Потпретседателот Костадинов наведе дека Владата предводена од СДСМ уште во првите 100 дена ја покачи минималната плата на 18.000 денари, просечната плата и во услови на криза во септември порасна на 31.812 денари, од почетокот на годината пензиите на сите 330.000 пензионери се поголеми за 10 отсто и ќе растат и ќе се усогласуваат и понатаму.

Во првата половина од оваа година донесовме пакет од 26 антикризни мерки вреден 400 милиони евра за помош на граѓаните и стопанството, и не застанавме тука, месецов, донесовме нов пакет на мерки за помош вреден 350 милиони евра, каде директно им се помага на над 200.000 граѓани кои се со ниски примања, нагласи Костадинов.

Тој нагласи дека оваа светска економска криза ни покажа колку е важно домашното производство на храна и енергија.

Затоа за оваа година покрај повисоките и навремени субвенции обезбедивме дополнителни 52 милиони евра за земјоделците, а веќе од следната година со новиот систем на субвенционирање земјоделците авансно ќе добиваат дел од субвенциите, за да имаат пари кога најмногу им се потребни, истакна Костадинов, додавајќи дека струја и енергенси ќе има доволно, а државата ќе продолжи да ја субвенционира со 80 отсто сметката за струја за над 600.000 домаќинства и 72.000 мали компании.

Потпретседателот Костадинов нагласи дека додека СДСМ успешно менаџира со кризата и се бори за стандардот на граѓаните и преку централната власт рамномерно инвестира во секоја општина, а градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ цела година не работат ништо, нема ниту еден нов проект, а многу од наследените проекти се намерно прекинати и не се реализираат.

За СДСМ рамномерниот регионален развој е приротет, што го гледаме и преку инвестирањето во важни проекти во секоја општина, додека од страна н ВМРО-ДПМНЕ гледаме само масовна партизација на единиците на локалната самоуправа и расипничко трошење на парите на граѓаните. Очигледна е разликата помеѓу нашиот одговорен, чесен и домаќински пристап и деструктивниот, неодговорен и нечесен однос на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, порача потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов во Кратово на граѓанската трибина под мотото „Силно и одлучно кон иднината“.

Последни вести