Соопштение за јавност
СДСМ е сплотена партија која се грижи за граѓаните, а нашиот градоначалник Сашко Митовски со својата посветена работа го претвора нашиот град во модерно, атрактивни место за живеење, порача вечерва од трибината „Силно и одлулно кон иднината, претседателот на ОО СДСМ Крива Паланка, Михаил Дејановски.
„Од доаѓањето на власт во 2017 година СДСМ воопшто немаше мирни води, целиот период беше исполнет со тешки и мачни периоди со предизвици. Но, тоа воопшто не беше причина за жалење и барање оправдувања, а најмалку за откажувања. Напротив СДСМ ги засука ракавите и се зафати со решавање на кризите и проблемите.
СДСМ отсекогаш бил синоним за сплотеност и синергија особено во најтешките моменти. Како општинска организација отсекогаш сме биле оперативно и организационо поставени на високо ниво, секогаш сме биле пример за другите. Така ќе биде и во иднина, Крива Паланка е била и ќе биде победничка бастион на СДСМ. порача Китевски.
Китевски посочи дека очигледна е разликата помеѓу неработењето на ВМРО-ДПМНЕ и посветениот однос на централната и локалната власт предводени од СДСМ, кои и во најтешките времиња во историјата на современа Европа продолжуваат со инвестиции во важни проекти и ефикасна, навремена и неселективна грижа за сите грѓани.