Соопштение за јавност
Уште од првиот ден на мојот мандат храбро започнав со соочување со сите предизвици, но она што значи што поскоро реализирање на планираните проекти ветени во предизборната програма, порача вечерва градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ која се одржува во Крива Паланка.
„Денес имаме нов модерен градски плоштад и парк, и уреден кеј на Крива Река. За само една градежна сезона извршено е асфалтирање на повеќе од десет значајни локални патни правци. Капитална инвестиција е и надградбата со втор кат на објект „Поточиња“-детска градинка Детелинка, зголемен е капацитетот за опфат за уште 100 дечиња. По 40 години обновена е повеќенаменската сала на центарот за култура, со реновирани соблекувални, тоалети,сцена, осветлување
Горд сум што од оваа говорница денес, можам да кажам дека се зафативме со решавање на сите проблеми и приоритетни области уште од првиот ден на мојот мандат.
Го градиме развојот на градот тимски, благодарение на заедничката поддршка од сите чинители кои работат посветено за сите граѓани.“ порача Митовски.
Митовски пред присутните ги присутните истакна дека Крива Паланка како никогаш досега не добила толку силна поддршка како што ја добива од Владата на Ковачевски и СДСМ и најави дека и во следниот период ќе продолжи на реализација на проектите кои имаат за цел да го унапредат квалитетот на живот на сите граѓани.