Соопштение за јавност
Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски низ отворен и инклузивен процес постојано преземаат мерки за справување со последиците од економската криза и за заштита на стандардот на граѓаните.
Компаниите што произведуваат прехранбени производи како што се маслото за јадење, леб и пекарски производи, брашно, јајца, млеко и млечни производи ќе имаат фиксна цена на електрична енергија.
Цената на електричната енергија што ја обезбеди Владата ќе биде помалку од 100 евра за мегават час или за двојно пониска од актуелната цена на регулираниот пазар.
Сето ова ќе резултира со намалување на крајните цени на производите и до 10 отсто со што ќе се заштити економскиот стандард и куповната моќ на граѓаните.
СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи продолжува со креирање мерки и политики за полесно справување со последиците од светската економска криза, грижата за граѓаните, за стопанството продолжува.