fbpx

Фамилијарните инсталации на ВМРО-ДПМНЕ во судството 11 години се спроведуваа, зарем тие најдоа да зборуваат на оваа тема?

Facebook
Twitter
LinkedIn
Соопштение за јавност 
 
ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на непотизмот и партизацијата на институциите, особено во судството и нема никаков кредибилитет да зборува на оваа тема.

 

Да ги потсетиме ВМРО-ДПМНЕ на дел од бројните случаи на непотизам.

 

Екс министерот за правда Михајло Маневски кој и денес е дел од структурите на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со неговата сопруга направија најголема “фамилијаризација” на правосудните институции. Олгица Павловска –судиката во Основниот суд –Штип, е прва братучетка на Филимена Маневска, сопругата на Михајло Маневски.

 

Јово Вангеловски, кум на Трајко Вељановски, претседател на Собранието на РСМ , беше избран за претседател на Врховен суд.

 

Маја Маркова-Котевска,сопругата на Иво Котевски, портпарол на МВР е судија во Основен суд Скопје 2, ќерка на Љубинка Муратовска поранешен член на Врховен суд и актуелен член на Антикорупциската комисија  и сестра на Серјожа Марков, дежурен адвокат на фамилијата инсталирана во ВМРО-ДПМНЕ.

 

ВМРО-ДПМНЕ е изворот на срамниот непотизам и партизација. 

 

Покрај тоа што нема кредибилитет да зборува на темата , во јавноста шири и дезинформации и лаги. Потврда за тоа е наведувањето дека син на Игор Милев , кумашинче на Лиле Стефанова бил  вработен во СЈО. Лаги од овој тип веднаш се проверуваат и потврдуваат, Игор Милев нема син.

 

ВМРО-ДПМНЕ останува да биде заробена во матрицата на груевизмот, на лаги, измислици и вештачки креирани случаи.

 

Последни вести