Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ како и за се останато, доцни со денови, месеци и години. И денеска од белиот дворец се шират лаги, невистини и дезинформации.
Денес, ВМРО-ДПМНЕ алармира за незаконско постапување неколку месеци откако е отворена истрага за случајот.
Лаже ВМРО-ДПМНЕ дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не реагирало на известувањето од Сојузот на здруженјиа на тутунопроизводители.
Вистината е дека на 18.02.2019 година или пред точно седум месеци, тогашниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Известувањето од Сојузот го препратил до надлежна институција, односно до Управата за финансиска полиција.
ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека има огромна разлика.
ВМРО ДПМНЕ штитеше криминал и тоа го прави до ден денешен.
СДСМ како одговорна партија, алармира и пријавува незаконско работење, без разлика кој е извршителот на незаконските дејствија и е за бескомпромисна борба против криминалот.
СДСМ не е ниту суд, ниту обвинителство има надлежни институции за истраги кои водат предмети. Заврши времето кога белиот дворец беше и полиција и суд и обвинителство.
Денес, правосудните институции работат професионално и независно во интерес на правдата.
Секој одговара.
Оттука, апелираме до надлежните институции, за брзо расчистување на овој случај и соодветно санкционирање на виновниците.