fbpx

СДСМ воспостави правна држава и независни институции, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ единствено бараат амнестија на криминалите на Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност 

 

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски од собраниската говорница го потенцираше ставот на СДСМ како партија која се бори за правда, просперитет и европска иднина.

Митревски истакна дека државата е пред вратите на НАТО и ЕУ и затоа донесувањето на  Законот за ЈО има огромно значење, а ВМРО-ДПМНЕ свесно го кочи процесот.

Разликата помеѓу ставовите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е огромна и различна од корен. Додека Мицкоски со сите сили се обидува да ги амнестира сите криминали на вистинскиот шеф во ВМРО-ДПМНЕ, Груевски, СДСМ од друга страна стои на браникот на правдата. Граѓаните многу добро се сеќаваат на 11 годишниот режим на Груевски и ниту една политичка манипулација на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема да успее. Граѓаните јасно гледаат дека Мицкоски свесно и намерно ги кочи правдата и евроинтеграциите, рече координаторот на пратеничката група предводена од СДСМ, Јован Митревски

Митревски потенцира дека никој од пратениците и членовите на ВМРО-ДПМНЕ во ниту еден момент не се огради ниту го осуди 11 годишниот пустош на режимот на Груевски со кој државата беше изолирана и заробена.

Колку тоа да не им се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, во државата се изгради правен систем и институции кои се професионални и неселективни. Разбирливо е дека за нив тоа се непознати поими, но денес секој што се огрешил пред законот одговора за стореното. Јасна е намерата на ВМРО-ДПМНЕ да го попречи законот за ЈО за да не се продолжи истрагата во предметите во кои има истраги и предмети против членови и функционери на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа нема да им успее. Амнестија нема да има за никој кој ги прекршил законите –заклучи Митревски.

Последни вести