fbpx

Костадинов: Мицкоски го предлага Владимир Панчевски за шеф на новото обвинителство, човек за кого се води истражна постапка

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Мицкоски за нов шеф на новото Јавно обвинителство го предложи Владимир Панчевски кој е суспендиран и против кого се води истрага за злоупотреба на АКМИС системот. – рече Костадин Костадинов член на ИО на СДСМ и портпарол на партијата во емисијата Патот кон… на Аласат Телевизија, зборувајќи за позицијата на ВМРО ДПМНЕ да заштитува криминал на режимот на Груевски.

Костадинов истакна дека мошне значајно е што предметите од СЈО се обезбедени и по нив ќе постапува надлежна институција. Правда и одговорност за сите, значи тоа .

Јасно порачавме дека правна држава и правда мора да има и  секој кој се огрешил пред законот  мора да одговара .-истакна Костадинов.

Тој додаде дека сето тоа направи паника во ВМРО –ДПМНЕ кои прават последен обид да ги спасат криминалите и криминалците , а кои што за владејачката партија значат црвени линии кои нема шанси да се поминат.

Сепак оставаме простор согласно демократските принципи на РСМ , ВМРО-ДПМНЕ да се огради од криминалите и криминалците и заеднички да го донесеме законот за ЈО.– посочи Костадинов.

Последни вести