Реакција на изјава на Христијан Мицкоски
Шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски денеска во Прилеп промовираше капитален проект, проектиран и реализиран од поранешната локална и централна власт на СДСМ.
По 40 години, благодарение на поранешниот градоначалник Илија Јованоски, Министерството за труд и социјална политика и Владата предводена од СДСМ, Прилеп конечно доби нова, модерна градинка за сместување на 250 дечиња.
Денес, Мицкоски и градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ само ја пресекоа црвената лента глумејќи дека нешто работат.
Го охрабруваме Мицкоски да продолжи да ги промовира проектите на СДСМ, затоа што ако чека на проекти од неговите градоначалници ќе треба уште долго да чека.
Истовремено, ги охрабруваме и останатите градоначалници, завршените објекти од претходните градоначалници, како градинката во Волково, во Ѓорче Петров, конечно да бидат пуштени во употреба, а на сечењето црвена лента, слободно нека го поканат и Мицкоски.