fbpx

Политички и енергетски промашувања се одлика на Мицкоски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одлика на Христијан Мицкоски се политички и енергетски промашувања и погрешни проценки.

Обично за важните прашања за државата и граѓаните, Мицкоски нема став, а кога го има, тој е погрешен и нема врска со реалноста.

Со месеци ги лажеше и плашеше граѓаните со бугаризација, дека Македонците ќе се асимилираат, дека македонскиот јазик ќе стане дијалект, а се случи токму спротивното.

Македонскиот јазик во ЕУ, e признат и потврден, еднаш, засекогаш на исто рамниште со сите јазици во Унијата. Со потпишувањето на договорот Фронтекс е направен историски исчекор. Тоа е првиот документ со Европската унија на официјален македонски јазик, чист, без фусноти, без ѕвездички и додавки. ​

А Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не смогнаа сили ниту да им се извинат на граѓаните за вознемиреноста што ја предизвикаа.

Промашени се проценките на Мицкоски и за енергетиката.

Во ек на глобална енергетска криза, Мицкоски со месеци ја плашеше јавноста со наводен недостиг на енергенси за домашниот енергетски сектор, лани велеше дека јаглен има за уште два дена, а не само што има доволно јаглен, туку и термоелектраните го зголемија производството за 25 отсто.

Домаќинствата, малите потрошувачи се снабдуваат со 100 отсто домашна, македонска струја, со што се зајакнува енергетската независност на државата и се штедат пари затоа што нема скап увоз.

Мицкоски повикуваше да се набави гас за целата грејна сезона, во период кога цените на овој енергенс рушеа рекорди. Според неговите препораки ​ ќе се платеа 100 милиони евра плус сметајќи по сегашната цена на берзите, а која и натаму паѓа.

Се што тој кажа и предвидуваше Мицкоски, на крајот излезе погрешно.

Последни вести