fbpx

Лукаревска: Сите политички партии да дадат свој придонес за европската агенда, потребен е општествен консензус

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Секоја сериозна политичка партија којашто и мисли добро на државата, треба да биде дел од лидерската средба која што ја свика премиерот Димитар Ковачевски и која во овој политички момент е важна, рече заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во дневникот на Сител телевизија.

-На лидерската средба нема за друго да се разговара освен она што е важно за европската перспектива на земјава. Да дојдеме до еден политички, општествен консензус за европската иднина, за европскиот пат. На граѓаните им треба ЕУ перспектива, тоа е за она што треба да се разговара. Секако дека може да се отворат и други теми, рече Лукаревска.

Заменик претседателката Лукаревска додаде дека секој сериозен лидер, секоја сериозна политичка партија треба да даде придонес во интерес на граѓаните и државата.

-Очекувам дека ќе надвладее разумот и секој сериозен лидер и сериозна партија којашто и мисли добро на државата треба да биде дел од дебатата во понеделник на лидерската средба, рече Лукаревска.

Лукаревска потенцираше дека изборите ќе бидат во редовен термин до 2024 година.

Последни вести