Соопштение за јавност
Во недостаток на реални проекти, програма и идеји во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири дезинформации и да рециклира лаги кои се и инстируционално демантирани.
Тоа доволно зборува за безидејноста во која е западната опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Како што веќе информираше Министерството за внатрешни работи, настанот за кои денес лаже ВМРО-ДПМНЕ, се расчистува.
Лицето кое пукало е повикано во полициска стануца, пиштолот е одземен, а во координација со основното јавно обвинителство, ќе биде поднесен и соодветен поднесок.
Зааврши времето кога структури од МВР блиски до ВМРО-ДПМНЕ штитеа криминал, а полицијата беше злоупотребувана за политички пресметки како што беше за време на режимот на ВМРО-ДПМНЕ.
Денес, полицијата и сите надлежни институции работат независно и професионално и постапуваат по секое прекршување на законите.
Секој е еднаков пред законите и секој за кој ќе се докаже дека постпапувал незаконски, одговоара за своите постапки.
Христијан Мицкоски и безидејното ВМРО-ДПМНЕ, наместо да рециклираат демантирани лаги, да се помират дека законите важат за сите подеднкаво, а полицијата станува вистински сервис на граѓаните.