Денеска Христијан Мицкоски организираше партиски панаѓур каде градоначалниците му реферираа на шпицниот градоначалник наместо на граѓаните од кои земаат плата.
Нула нови проекти, масовна партизација и расипничко трошење на парите на граѓаните, тоа е отчетот на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ за првата година мандат.
Скандалот со тедерот вреден 136 милиони евра за пречистителна станица е најголемиот „проект“ на локалната власт и шпицниот градоначалник Мицкоски.
Мицкоски на сличен настан оваа година даде ветување дека лично тој во име на Град Скопје преговорал за набавка на нови електрични автобуси, па отиде чекор понатму најавуваше дури и фабрика.
И каде се денес автобусите и фабриката? Никаде ги нема, како што ги нема ни помпезно најавуваните проекти во програмите на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ.
Никаде ќе ги нема ниту ветувањата што од партискиот панаѓур денеска ги дава Мицкоски, неговите градоначалници се најнеспособните градоначалници.