fbpx

Ковачевски: Со мерките на Владата станавме втор најголем извозник на вино во регионот, со 60 милиони евра прилив

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва од трибината „Силно и одлучно кон иднината!“ во Кавадари потсети дека Владата предводена од СДСМ годинава обезбеди зголемени цени за откупено грозје кои се за 30 отсто поголеми во однос на претходната година но и дека се обезбедени дополнителни 2 денари откуп за грозје се обезбедени од Интервентниот фонд.

„Кога бевме на најголемиот Саем на вино во Белград, нашите винарии, македонските винарии ги собраа најголемите награди! Ние сме тука со мерките и политиките, за македонското сонце и македонската земја да ги направат најубавите вина. Затоа сме втор извозник на вино во регионот со 60 милиони евра девизен прилив. Тоа е заслугата на Тиквешијата. Освен највисоките откупни цени лозарите добиваат субвенции од 40.000 денари за одржување на лозовите насади, како и 4.200 денари по хектар за зелена нафта. Дополнително, обезбедивме поддршка од 10.000 евра и за малите семејни винарници“ порача Ковачевски.

Претседателот Ковачевски истакна дека со новиот модел на субвенционирање на лозарите покрај основните субвенции, како дополнителна субвенција се утврдува поддршката за винското и трпезно грозје.

Последни вести