fbpx

Општина Чашка вложува во инфраструктурата, изградба на нов пат и нов мост во Богомила

Facebook
Twitter
LinkedIn
Портпарол на ОО СДСМ ЧАШКА
ВИКТОРИЈА КОСТОВСКА
 
Почитувани граѓани
 
Општина Чашка предводена од СДСМ и Градоначалникот Горан Стојановски покажа дека еден од нејзините врвни приоритети е подобрување на патната инфраструктура во сите населени места. 
 
Како никогаш досега, Општината континуирано инвестира во изградба на нова како и подобрување на веќе постоечката инфраструктура низ Општината. 
 
Изминатите 2 години се реализирани проекти со вкупна вредност од 4 милиони евра. 
 
Но тука не застануваме. 
 
Деновиве започна асфалтирање на регионалниот патен правец Р 2340 на потегот од село Гостиражни кон село Богомила во должина од 6 километри од вкупно предвидените 11. 
 
Овој патен правец ќе овозможи побрз проток на стоки и услуги. 
 
Дополнително, со цел олеснување на секојдневниот живот на граѓаните, во тек е изградба на новиот мост на река Бабуна на влезот од село Богомила. 
 
После 50 години, жителите од овој крај добиваат нов мост со должина од 27 метри и ширина од 6 метри со вкупна вредност од 14 милиони денари, средства обезбедени од Јавното претпријатие за државни патишта.
 
Почитувани,
 
Локалната власт предводена од СДСМ продолжува со исполнување на ветувањата дадени пред граѓаните на Општина Чашка. 
 
Градиме по план, создаваме модерна и современа патна инфраструктура.
 
Продолжуваме со интензивно реализирање на ветените проекти кои ќе го подобрат животот на сите граѓани. 
 
За нас, зборот навистина важи!

 

Последни вести