fbpx

Манчевски од Македонски Брод: Платите растат во континуитет, најавуваме и нови зголемувања, концептот парите кај граѓаните дава резултат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Маалска средба, Дамјан Манчевски, член на ЦО, Македонски Брод

 

Членот на ЦО на СДСМ Дамјан Манчевски, придружуван од градоначалникот на Македонски Брод, Живко Силјаноски и претседателот на ОО СДСМ Македонски Брод, Синиша Радески синоќа беа помеѓу граѓаните на село Долни Манастирец, Македонски Брод.

На маалската средба се разговараше за реформите и реализираните мерки кои обезбедуваат подобар живот за граѓаните и повеќе пари назад, кај граѓаните.

– Концепот парите кај граѓаните, придружен со реални економски политики дава резултат.

За само две години успеавме да реализираме голем дел од мерките кои значат помали трошоци за граѓаните, а воедно обезбедуваат повеќе пари за секое семејство.

Платите растат континуирано.

Просечната плата е зголемена за 4.1% во споредба со лани, односно за една година пораснала над 1.000 денари и сега изнесува 25.205 денари.

Следува ново покачување на платите.

Најавивме денеска од септември се зголемивуваат платите во образованието за 5%.

Преку мерката „Мој ДДВ“ веќе се скенирани над 11 милиони сметки со промет на 5,5 милијарди денари со што над 1,5 милиони евра ќе се вратат кај граѓаните.

Аграрните реформи даваат резултат, поделени се 50 илјади картички за зелена нафта со што земјоделците добиваат 30 отсто намалување на цените.

Се’ што прави оваа Влада е во корист на граѓаните, ги намалува трошоците и обезбедува повеќе пари за секое семејство – истакна Манчевски

Манчевски потенцираше реализаицја и на неколку локални проекти, истакнувајќи дека е изградена нова водоводна мрежа, а се реконструира и патот од мостот на реката Треска до крајот на селото.

Тимови на СДСМ ги евидентираа забелешките и предлозите на граѓаните.

СДСМ останува на страната на граѓаните и го слуша нивниот глас.

Зборот важи!

 

 

 

Последни вести