fbpx

ВМРО ДПМНЕ блокира финансиска помош за граѓаните и над 100 други закони во Собраниетo

Facebook
Twitter
LinkedIn

ВМРО-ДПМНЕ е дефиниција деструктивна партија која дејствува на штета на граѓаните и државата.

Во ек на најголема светска економска и енергетска криза пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со недели го одолговлекуваат законското решение со кое на речиси 200.000 граѓани треба финансиски да им се помогне во следните четири месеци.

Покрај тоа, ВМРО-ДПМНЕ во Собранието повеќе од една година блокира над 100 закони важни за граѓаните и државата.

Заради неодговорниот однос и блокадите на ВМРО-ДПМНЕ по налог на Мицкоски, државата е оштетена со 100 милиони евра, средства од ЕБОР за поддршка на АД ЕСМ и полесно справување со последиците од енергетската криза.

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, наместо за граѓаните, оваа партија работи за личните и бизнис интереси на мала група луѓе од партиското раководство. Тоа е срамно и неодговорно постапување на Мицкоски и неговата партија.

Последни вести