fbpx

Исполнување на ветеното и многу нови проекти, Зечевиќ, Богоев и Спасовски на средби со граѓаните во Маврово Ростуше

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, потпретседателот Стефан Богоев и членот на Централниот одбор, Оливер Спасовски, попладнево се на средби во граѓаните на општина Маврово Ростуше, заедно со градоначалникот Медат Куртовски, пратеничката Белкиса Зекири и претседателот на општинската организација Самир Ајдини.

На средбите со граѓаните од месните заедници во општина Маврово Ростуше се разговара за проектите кои што се во тек и кои значат реализацијата на ветувањата на СДСМ дадени пред граѓаните за време на предвремените локални избори.

-Победата на СДСМ на предвремените локални избори во Маврово Ростуше e важна не само за партијата туку и за граѓаните. Победата на Медат и СДСМ со огромна разлика покажа дека граѓаните сакаат напредокот и развојот на општината да продолжи. Тоа сме сведоци и дека се случува, она што е уште поважно, се она што СДСМ и градоначалникот Куртовски се обврзаа пред граѓаните се реализира а ветувањата се исполнуваат. Тоа е наша обврска пред вас и ние ја исполнуваме, рече генералниот секретар Зечевиќ.

За ова потврда се бројните нови проекти кои се во тек. Започна реконструкција на повеќе улици во Велебрдо, се прави потпорен ѕид во Жировница, потпишани се договори и наскоро започнува релизација на проектот за водовод во Аџиевци со поддршка на Владата, како и паркинг во селото Требиште.

-Сите овие нови проекти кои се реализираат директно допринесуваат за развој на регионот и исполнување на ветувањата на СДСМ, потенцираше Оливер Спасовски, член на ЦО на партијата.

Последни вести