Соопштение за јавност
Изборите се 2024 година, воопшто не се говори за предвремени парламентарни избори, одиме на трибини кои се масовно посетени да слушнеме што имаат да кажат граѓаните, ние да презентираме тоа што сме го направиле, да дискутираме за повеќе отворени прашања, истакна заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во емисијата „Студио 10“ на телевизија 24.
Лукаревска нагласи дека на трибините лидерот на партијата Димитар Ковачевски, потпретседателите, видни партиски функционери, кои се професионалци во својата област, одговараат на прашања коишто ги засегаат граѓаните.
Ние сега мора да видиме преку овие трибини до каде сме, дали при своето работење правиме одредени грешки, дали при носењето на владините политики сме ги испочитувале очекувањата на граѓаните, па потоа ќе направиме една комплетна анализа за да видиме како сме поминале на овие трибини и кој е фидбекот и ќе знаеме понатаму што и како, истакна заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во емисијата „Студио 10“ на телевизија 24.