fbpx

Андрески: СДСМ посветено работи за евроинтеграција на државата, со навремени и ефикасни мерки се справуваме со кризата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Организациониот секретар на СДСМ Вангел Андрески денеска се обрати пред граѓаните на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ што се одржа во општина Василево.

СДСМ е консолидирана партија, која постојано е на терен и се враќа на победничките патеки, дојдовме до политичка стабилност, исчекор во евро интеграциите и политичка извесност најмалку до 2024 година, порача Андрески.

Организациониот секретар Андрески истакна дека додека СДСМ посветено работи на реализација на стратешките цели за евроинтеграцијата на државата, со заштитен македонски јазик и идентитет, со навремени и ефикасни мерки се справува со сите предизвици што ги носи кризата, од ВМРО-ДПМНЕ не се откажуваат од деструктивното и штетно дејствување.

Им потонаа сите лаги за бугаризација и асимилација на државата, заради блокадите на ВМРО-ДПМНЕ во собранието, државата остана без 100 милиони евра од ЕБОР за справување со кризата, а на локално ниво, градоначалниците и советите на ВМРО-ДПМНЕ ја изневерија довербата граѓаните, не работат ништо, не ги реализираат ветните проекти, се караат за провизии и тендери, кукаат и бараат помош од владата, а од друга страна ги полнат општините со париски послушници, нагласи Андрески.

Тој истакна дека со СДСМ никој нема да биде оставен сам да се справува со последиците од светската енергетска и економска криза.

Струјата ќе продолжиме да ја субвенционираме со 80% за над 600.000 домаќинства и 72.000 мали компании. И понатаму 42.000 граѓани од најранливи категории, ќе добиваат директна финансиска помош. Пензиите се зголемени за сите 330.000 пензионери, а оние со најниски пензии оваа зима ќе добијат 3.000 односно 6.000 денари финансиска поддршка, рече Андрески.

Организациониот секретар на СДСМ нагласи дека кризата покажа колку е важно домашното производство на храна.

Покрај навремената и неселективна исплата на субвенциите, го зголемивме интервентниот фонд за земјодлеството за дополнителни 52 милиони евра, а веќе од следната година со новиот систем на субвенционирање земјоделците авансно ќе добиваат дел од субвенциите, за да имаат пари кога најмногу им се потребни, истакна Организациониот секретар на СДСМ Вангел Андрески.

Андрески ги повика граѓаните на обединување за остварување на визијата на СДСМ за економски силна и стабилна држава, полноправна членка на ЕУ, во која младите ќе можат горди и со крената глава да ја градат својата иднина.

Сега зависи само од нас, од никој друг. Ако се обединиме, ако внатрешно си подадеме рака во 2024 година проевропската коалиција предводена од СДСМ ќе биде победничка коалиција, порача организациониот секретар на СДСМ Вангел Андрески на трибината „Силно и одлучно кон иднината“во општина Василево.

Последни вести