Соопштение за јавност
Залудни се обидите на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ги загрозат случаите што се водат против криминалите на режимот и тајкуните создадени во тоа време.
Очигледно е дека на ВМРО-ДПМНЕ се појасно им е дека одбраната на криминалот е едноставно невозможна.
Но, колку и да е неприфатлива за ВМРО-ДПМНЕ , борбата против криминалот и корупцијата е бескомпромисна, ова е правна држава и законите важат за сите подеднакво.
Сите отворени предмети како Титаник, Тврдина, Таргет, Транспортер, ТНТ, Талир, Империја и многу други мора да се расчитат до крај.
Секој, без разлика на функцијата што ја извршува или извршувал, ќе одговара доколку се докаже дека постапувал незаконски, вклучително и за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ и криминалниот октопод раководен од Будимпешта.
Правда мора да има. Тоа е во интерес на државата и граѓаните.