fbpx

Градиме по план, со засилено темпо се реконструираат клучни сообраќајници низ сите скопски општини

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност 

 

Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов, продолжува со реализација на летната градежна инфраструктура за реконструкција на клучни булевари и улици во Градот.

Се работи дури и во вечерните часови за овие зафати што е можно помалку влијаат на секојдневните активности што ги имаат граѓаните.

Денеска започна реконструкција на коловозот на булеварот Крсте Петков Мисирков од крстосницата кај Судска Палата до клучката Бит-пазар во Општина Чаир во должина од 1.350 метри во двете насоки.

Паралелно, во моментов се работи на реконструкција на повеќе сообраќајници речиси низ сите скопски општини, а се работи и за време на ноќниот период, со цел што побрзо завршување на градежните активности.

На територијата на општина Центар, во тек е реконструкцијата на булеварот Кочо Рацин, на потегот од булеварот Кузман Јосифовски Питу до улицата Свети Кирил и Методиј во должина од 880 метри, а се работи и на реконструкција на дилатациите на мостот Гоце Делчев.

Во општина Ѓорче Петров се реконструира улицата Ѓорче Петров на потегот од општинската зграда до бензинска пумпа на Макпетрол, во должина од околу 1.500 метри, а истовреме со работи и на реконструкцијата на улицата Борис Сарафов, на потег од крстосницата со улицата Македонска Војска до крстосницата со улицата Кузман Шапкарев, со вкупна должина од околу 1.700 метри.

Во општина Чаир се реконструира улицата Лазар Трповски, на потегот од кружниот тек со улицата Втора македонска бригада до крстосницата со улицата Петар Ичко, додека во Шуто Оризари се реконструира улицата Индира Ганди, во должина од 1.100 метри, на потегот од раскрсницата со улицата Босна и Херцеговина и булеварот Словенија до улицата Бутелски венец.

На територијата на општина Аеродром во тек е реконструкција на улицата Февруарски Поход, на потег во должина од 720 метри.

Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Шилегов остануваат посветени на реализација на мерките од програмата што обезбедуваат развој и унапредување на патната инфраструктура, зголемена безбедност во сообраќајот и посигурен и поефикасен транспорт.

Зборот важи, градиме по план!

Последни вести