fbpx

Блокадата на Мицкоски на 130 закони и 100 милиони евра се на штета на граѓаните и државата

Facebook
Twitter
LinkedIn

ВМРО-ДПМНЕ на чело со и Христијан Мицкоски останува деструктивна партија која дополнително ја отежнува состојбата во време на светска економска и енергетска криза.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по налог на Мицкоски блокираат над 130 законски решенија во Собранието, кои се во интерес на граѓаните и државата.

Со недели го одолговлекуваат законското решение, кое треба да обезбеди финансиска помош за околу 200.000 граѓани од ранливите категории во наредните четири месеци.

Поради свесно и намерно блокирање од страна на ВМРО-ДПМНЕ, ЕБОР стопираше 100 милиони евра за поддршка на АД ЕСМ, наменети за справување со енергетската криза.

Со опструкции и блокади ВМРО-ДПМНЕ работи против интересите на државата и на сите граѓани.

Очигледна е разликата помеѓу одговорниот државнички пристап на Ковачевски и деструкциите и неодговорното однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои по секоја цена дејствуваат на штета на државата и граѓаните.

Последни вести