fbpx

Ковачевски: Тешките одлуки денеска се за европска иднината на младите утре

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ вечерва го продолжи караванот граѓански трибини „Силно и одлучно кон иднината“ во
Гевгелија со цел да се претстават приоритетите на партијата и да се слушнат граѓаните во период на незапаметена криза во последните 70 години.

Пред гевгеличани, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски рече дека македонска национална стратешка цел поставена уште од независноста е Европската Унија и притоа потсети на заложбите кои државата ги презема во исполнувањето на оваа цел.

„Често говорам за тоа чувство кое го имав, кое знам дека го почувствувале и граѓаните. Како некој со нож да ве сече стомакот. Такво е тоа чувство. Знам дека многумина надвор од оваа сала, ни во неа, сметаат дека со компромисите коишто ги направивме можеби сме платите превисока цена. Прашуваат дали вредеше, дали вреди? Сигурно многу попријатно и полесно ќе беше да ја оставевме да тера работата како што е, да не менуваме ништо, да ја оставиме иднината на Македонија во неизвесност. Но, јас зборувам искрено и отворено. Сакаме ли на нашите македонски деца и внуци да обезбедиме мирно море, сигурна, стабилна и извесна европска иднина? Или сакаме да им оставиме проблеми, нерешени прашања и неизвесност? Дали сакаме да најдеме начин како, нашиот уникатен македонски идентитет да го потврдиме и да го однесеме во ЕУ? Или пак сакаме да останеме заглавени тука, изолирани, непризнаени од никој, вратени назад во времето и во некои мрачни времиња на неизвесност?

Дали сакаме ништо да не промениме? Да се разбудевме со чувство на лажна гордост а да си легнеме посиромашни и сами? Или сакаме се да промениме, да се разбудиме горди, како Македонци, рамноправни во големото европско семејство, да бидеме побогати, поразвиени, понапредни, како Европјани? Одговорот на овие прашања го дава и мојот одговор на прашањето дали вредеше и дали вреди.

Стојам пред вас, и пак ви повторувам и со сета одговорност што ја носам и чувствувам ви велам, ви тврдам: ДА, вредеше, ДА вреди!“ порача Ковачевски.

Претседателот Ковачевски потсети дека кончено, по 17 години успеавме да ги започнеме преговорите со ЕУ како Македонци, со заштитен македонски јазик и идентитет.

Последни вести