Почитувани,
Ве известуваме дека денеска 15.11.2022 (вторник) СДСМ продолжува со граѓанските трибини „Силно и одлучно кон иднината“ каде заедно со граѓаните отворено разговараме за мерките и политиките на СДСМ, за нашата визија за иднината на нашата македонска држава.
Граѓански трибини со почеток во 18.00 часот ќе се одржат во целиот регион, односно во:
– Маврово Ростуше, говорник: Сања Лукаревска, заменик претседателка на СДСМ
– Врапчиште, говорник: Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ
– Центар Жупа, говорник: Вангел Андрески, организациски секретар на СДСМ
Централната граѓанска трибина „Силно и одлучно кон иднината“ каде говорник е претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, ќе се одржи во Гостивар – Дом на Култура „АСНОМ“ во 20.00 часот.
Пренос во живо во висока резолуција ќе биде обезбеден на официјалниот канал на СДСМ( https://www.youtube.com/user/SDSMtube), на Фејсбук страната на СДСМ (https://www.facebook.com/SDSMakedonija/) како и на Фејсбук страната на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски(https://www.facebook.com/Dimitar.Kovachevski)
Го покануваме вашиот медиум да ја проследи трибината.